Стеници и смрт: трагедија во хотел во Турција

Требаше да биде одмор од соништата, а заврши со голема трагедија. Мајка и двете мали деца веќе починале, а таткото е на интензивна нега. Лоша судбина го снајде семејство од Хамбург за време на одморот во хотел во Истанбул.

Првичните сомнежи беа дека станува збор за труење од улична храна (полнети школки), но медиумите сега известуваат за недозволени инсектициди кои се користеле во хотелот. Неколку други гости се на лекување, а лекар потврди дека била спроведена дезинфекција против стеници.

Властите за време на викендот го евакуирале погодениот хотел во квартот Фатих, според државната новинска агенција „Анадолија“, и ја запечатиле зградата. Според официјалните податоци, во Истанбул не е утврден необичен пораст на случаи на труење со храна.

 

Апсења и истрага

Во меѓувреме се приведени десетина осомничени: во петокот – четворица продавачи на улична храна, во саботата уште тројца осомничени (меѓу нив еден одговорен во хотелот и еден пекар од околината), а во понеделникот уште двајца вработени во хотелот. Нејасно дали апсењата се меѓусебно поврзани.

 

Хронологија на трагедијата

Семејството со турско потекло од Хамбург (татко, мајка, шестгодишен син и тригодишна ќерка) отпатувало пред една недела во Истанбул. Во средата се примени во болница поради мачнина и повраќање, под сомневање за труење со храна, па отпуштени.

Ноќта потоа состојбата се влошува, повторно пренесени во болница.Наскоро двете деца починале, а во петокот починала и мајката. Таткото сè уште е на одделението за интензивна нега, без нови информации.

 

Неостварен сон

Таткото на починатата жена изјавил за агенцијата „Анадолија“ дека се надева на добри вести за својот зет. Семејството секоја година доаѓало во Турција на одмор. Ова лето го реновирале поткровјето во семејниот стан во родното место Болдавин:

„Планираа да се преселат овде. Ова беше нивниот сон“.

Истанбул со повеќе од 19 милиони туристи годишно е една од најпосетуваните метрополи во светот. Според германските медиуми, хигиенските стандарди во рестораните последниве години се значително подобрени (dw)

Back to top button
Close