ЦЕЛА ДА Е
„Планот за раст е многу повеќе од инцијатива“, рекол премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите на Западниот Балкан во Тирана, што и да му значи таа реченица. Особено во контекст на исполнување на планот дома. Оти таму кога се среќава со луѓе од бриселската администрација им зборува за реформски чекори, вклучително и за реформи во правосудството, а кога ќе се врати дома ќе продолжи да нѐ замајува со весела математика.
Во Владината Реформска агенда од 2024 до 2027 е запишано дека до јуни 2025 треба да се донесат измени на закони со кои се регулираат платите на обвинителите и на судиите, како и на нивните служби. До декември 2025 година треба да се обезбеди финансиска независност на правосудството. Па токму за таа реформска агенда Владата се фалеше дека тоа е историски најдобар документ, толку добар што и први од групата Западен Балкан добивме пари од ЕУ.
И Мицкоски, наместо да одговори на прашањето зошто се доцни со исполнување на задачите кои самиот си ги задал и му ги одобриле во ЕУ, и за чие извршување ќе дадат пари, тој ни го губи времето со изговори, криви биле обвинителите и судиите, големи плати барале, еве нека кажат граѓаните дали ги заслужуваат и овие плати што ги добиваат…
Што да кажат граѓаните? Граѓаните треба да прашаат до каде е со исполнување на обврските кои Владата самата си ги презела за да обезбеди финансиска независност на правосудството? Толку.
Праксата Министерството за финансии да одобрува вработувања во правосудството ја загрозува независноста на правосудството. Така пишала Владата во реформската агенда. Така што, муабетот „не им давам пари, јас сум загрижен за вас како ќе ви ги трошат парите, па ќе им дадам пари, ама ќе барам отчет…“ едноставно е – купи ден, продај.
Сака ли премиерот реформа што ќе обезбеди независно и некорумпирано судство, оти овие пари што сега се издвојуваат не се доволни, како што самиот си напишал во Реформската агенда, или сака само да ги смени овие судии и обвинители и реформата да ја тера со судии и обвинители од неговото тефтерче?
Бидејќи тој знае кој колкава плата заслужува и воопшто дали ја заслужува, зошто самиот да не биде и обвинител и судија?
Утре ќе може да им ја намали и платата на пратениците ако носат закони што не му се допаѓаат.
Па и на претседателката ако престане да слуша
Целлата колумна на Горан Михајловски на сдк.мк






