Трамп сака да ја заврши војната во Украина, без оглед на формата на мировниот договор

Главната цел на американскиот претседател, Доналд Трамп, е да ја заврши војната во Украина, без оглед на конечната форма на мировниот договор, изјави денес функционер на Белата куќа за „Политико“.

Додека Украина и нејзините европски сојузници дебатираат за деталите од оригиналниот предлог на САД од 28 точки, со кој се бара Донбас да биде под руска контрола, извори велат дека Трамп нема „црвени линии“ под услов страните да се согласат и борбите да престанат.

„Крајната цел е мир. Тоа е најважното нешто што може да се постигне тука. Запрете ги борбите, запрете ги убиствата, тоа е она што го сака претседателот“, рече висок функционер на Белата куќа.

Функционерот додаде дека Трамп ќе го поддржи секој договор што води до побрз крај на војната, што и Киев и Москва можат да го прифатат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да го прифати мировниот договор презентиран од САД, како и дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за чувствителните точки од тој план.

За време на разговорите во Женева, американските и украинските претставници составија ажурирана верзија на планот, намалувајќи ја од 28 на 19 точки, а конечните преговори за планот ќе ги водат Зеленски и Трамп

Back to top button
Close