Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин

Полицијата во Белград заплени 12 килограми кокаин, три патнички возила и приведе две осомничени лица.

МВР на Србија соопшти дека бил извршен претрес на становите и возилата што ги користеле осомничените и пронашла и запленила кокаин и патнички возила.

Осомничените ќе бидат задржани до 48 часа, по што ќе им биде поднесена кривична пријава пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

фото МВР Србија

Back to top button
Close