Обрадовиќ веќе имаше „свое“ име за наследник на клупата на Партизан

Заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ од клупата на КК Партизан привлече многу внимание. Трофејниот тренер малку очекувано во текот на сезоната по слабиот резултатски старт се реши да се „повлече“ од тренерската функција.

Сè уште не е познато кој ќе го наследи Обрадовиќ, обврската е голема, клубот е во криза и тешко е во тие услови да се најде соодветна замена.

Поранешниот играч на Партизан Бранко Синѓелиќ, откри дека Жељко Обрадовиќ посакувал на клупата на Партизан да го замени неговиот соиграч Александар Ѓорѓевиќ. Тој речиси една деценија го носеше дресот на Партизан (1983-1992), но никогаш не бил тренер на клубот.

Ѓорѓевиќ е еден од потенцијалните тренери за Партизан, а секако има и голема доверба кај навивачите на клубот особено што на многуте анкети добиваше најмногу гласови тој да биде замената на Обрадовиќ.

Во својата тренерска кариера Ѓорѓевиќ беше селектор на Србија и на Кина, а има работено и во клупска кошарка: Олимпија Милано, Бенетон, Панатинаикос, Баерн, Виртус и Фенербахче.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close