Премиер лига: Мејбри суспендиран четири натпревари поради плукање


Фудбалерот од средниот ред на Барнли, Ханибал Мејбри, (22), е суспендиран четири натпревари откако плукна кон навивачите на Лидс за време на натпревар од Премиер лигата во октомври, соопшти англиската Фудбалска асоцијација (ФА).

Тунискиот интернационалец беше обвинет дека плукнал во правец кон навивачите на Лидс во 67 минута од победата на Барнли од 2-0. Мејбри подоцна го призна своето недолично однесување.

„Ханибал Мејбри го призна обвинението и доби суспензија од четири натпревари“, се наведува во соопштението на ФА.

Дополнително, Мејбри е казнет и парично во износ од 15.000 фунти

Back to top button
Close