Драма на аеродром во Истанбул: Авион од Приштина излетал од пистата по слетување

Авион на рутата Приштина–Истанбул вчера излетал од пистата по слетувањето на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истабул. Инцидентот се случил откако леталото, по приземјувањето, наместо да продолжи по патеката за рутирање, излетало на мека земјена површина и застанало на крајот од пистата.

Како што информира Амбасадата на Косово во Турција, нема повредени патници или членови на екипажот.

„Авион на компанијата AJet, тип „Boeing 737-800“, кој летал на релацијата Приштина–Истанбул со број TKJ76Q / VF102, по слетувањето излетал од патеката за рулирање и застанал на крајот од пистата. Според официјалните информации, сите патници се евакуирани безбедно преку надворешните скали, без потреба од активирање на итните лизгалки. Нема пријавено повредени лица и патниците го продолжиле патувањето кон своите дестинации“, соопштува амбасадата.

Од компанијата AJet дополнително изјавија дека авионот извел регуларно слетување, но поради обилни врнежи од дожд, при рутирањето излетал на мека земјена подлога.

Турските власти работат на расчистување на инцидентот и утврдување на сите околности.

Информацијата за инцидентот беше споделена и на платформата X, каде беше објавено дека:

„AJet 737-800 излетал од пистата по слетувањето на истанбулскиот аеродром ‘Сабиха Ѓокчен’. Во моментот имало обилни врнежи. Сите патници од летот VF102 од Приштина биле безбедно евакуирани

Back to top button
Close