Новa директорка во Психијатриската болница во Демир Хисар
Сузана Џамбазовска е именувана за вршител на должност директор на Јавната здравствена установа Психијатриска болница Демир Хисар, покажуваат податоците од Централниот регистар, објави 4NEWS.mk.

. Одлуката е донесена врз основа на решение за разрешување и именување на ВД директор од 4 декември 2025 година, а промената е официјално регистрирана на 5 декември. Џамбазовска ќе ја извршува функцијата ВД директор до избор на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци. Со оваа одлука престанува овластувањето на досегашниот ВД директор Ѓорѓи Бојаџиев, чиј мандат е избришан од евиденцијата на Централниот регистар.






