Крај на блокадата на Евзони, од 15 часот сообраќајот на Богородица е нормализиран

Сообраќајот на граничниот премин Богородица (Евзони) е целосно нормализиран во двата правца попладнево од 15:00 часот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно, овој граничен премин беше блокиран за влез и излез од државата во период од четири часа, почнувајќи од 11:00 часот претпладнево.

Прекините на Евзони се случуваат периодично веќе неколку дена и се директна последица на штрајкот на грчките земјоделци.

Што се однесува до останатите премини кон јужниот сосед, АМСМ во пладневниот извештај наведе дека на Меџитлија (Ники) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси.

На граничниот премин Дојран нема блокади и сообраќајот се одвива, но поради пренасочувањето на возилата од другите премини, има зголемен интензитет и можни се задржувања при влез во земјава.

Back to top button
Close