Арсовска: Мигрантите од опасни земји како Авганистан ќе се испраќаат кај нас, време е за став

Екс-градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, реагира по информациите во британските медиуми дека Обединетото Кралство води преговори со Македонија за можно формирање центри за депортација на мигранти. Таа им се обрати на граѓаните со прашањето: „Дали на нечија изборна платформа слушнавте за увоз на мигранти и дали гласавте за такво нешто?“

Арсовска упати критики кон актуелната власта, нагласувајќи дека Македонија не смее да стане „пункт на туѓи мигрантски политики“.

„Британија во разговори со Македонија договара хабови за ИЛЕГАЛНИ мигранти, за што ќе се плаќа по поединец. Во договорот, како што се наведува, се вклучени и „инвестиции“ и „безбедносна помош“. Британските министри тоа го нарекуваат „нова важна иновација“, а Македонија – „решение“ за справување со мигрантските банди.

 

Што значи тоа? Мигранти од земји со висок ризик, како Авганистан, ќе бидат пренасочувани кај нас. Тие нема да бидат задржани или ограничени, туку ќе имаат можност слободно да се движат и да бараат работа, особено во сектори со недостиг од работна сила, како градежништвото. Само во последните 12 месеци бројката на нови илегални мигранти во Велика Британија надмина 45.659.

Македонија не смее да дозволи да стане транзитна зона на туѓи политики. Време е за прашања и време е за став,“ наведува Арсовска во својата реакција

Back to top button
Close