Пратениците на Филипче нема да го поддржат разрешувањето на државниот обвинител Коцевски: Тоа е притисок

Венко Филипче реагираше на предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека процесот е резултат на партиски притисоци и дека тоа ја загрозува независноста на правосудството.

„Лично не го ни познавам, не сум ничиј адвокат и не сакам да бидам. Партиски притисок за да се постават партиски луѓе значи заглавување на системот. Ова е притисок кон обвинителот, ова се случува година ипол време наназад. Се назначуваа обвинители и судии блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Не е ова Македонија што ја сакаме“, изјави Филипче.

Тој додаде дека СДСМ е против каков било притисок врз правосудните институции:

„Не бранам никого, но не е тоа што треба да се направи. Не сакам да ми ги извртат зборовите. Суштински работи се Кривичниот законик и Законот за јавно обвинителство. Дајте да ги донесеме европските критериуми, да ја донесеме европската обвинителка тука за некои случаи. Тоа е нашиот став.“

Back to top button
Close