Повеќе од половина Турција под метеоролошка тревога поради обилни врнежи од дожд, бури и лавини

Турската метеоролошка служба издаде „жолта“ тревога за 48 од 81 провинција – предупредување за обилни врнежи од дожд, бури и лавини.
Најавено е дека се очекуваат силни бури и обилни врнежи од дожд во регионите на Мармара и Егејското Море, додека се препорачува претпазливост во источните делови на Турција поради ризикот од лавини.
Се очекуваат и прекини во морскиот и воздушниот сообраќај.
Се очекува силни ветрови да дуваат од југ и запад во Мармара, Егејското Море, северозападна Внатрешна Анадолија (особено Ескишехир) и внатрешните делови на западниот регион на Црното Море, достигнувајќи јачина на бура (50-75 км/ч) и повремено силна сила на бура (80-90 км/ч), објави ТРТ Хабер.
Граѓаните се предупредени да преземат мерки на претпазливост поради најавената снежна бура поради паѓање дрвја и столбови, мраз на патиштата, уривање на покриви, но и поради можноста за труење со јаглерод моноксид од печки и греалки на природен гас, а властите апелираа да не се патува освен ако не е апсолутно неопходно.
Поради обилни снежни врнежи во покраината Хаккари во југоисточна Турција, две студентки беа затрупани во петокот од голема количина снег што падна од покривот на студентскиот дом покрај кој поминуваа. Деевојките беа спасени од колегите. Тие беа пренесени во Државната болница Хаккари со брза помош и по добивањето на лекарска помош, беше објавено дека нивната состојба е стабилна и дека се чувствуваат добро, пишува Хабер.
Во округот Шемдинли, снегот што падна од покривите на зградите собори електрични столбови, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во целата населба.
Екипите на терен ги вадеа автомобилите заглавени на автопатите закопани од лавини.
Генералниот директорат за метеорологија, исто така, предупреди дека студени воздушни бранови од Балканот и Сибир ќе ја погодат Турција почнувајќи од понеделник, со очекувани многу обилни снежни врнежи и температури под нулата.






