Бензините поскапуваат – ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ, односно од 13 јануари 2026 година, се менуваат малопродажните цени на горивата.

Бензините поскапуваат, цената на дизелот не се менува, а мазутот поевтинува.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар.
Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува со иста цена и ќе се продава за 64,50 денари по литар.
За 0,50 денари по литар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена исто така ќе изнесува 64,50 денари по литар.
Наспроти тоа, мазутот М-1 НС поевтинува за 0,668 денари по килограм и од утре ќе чини 32,133 денари за килограм






