Трамп се закани со трговски казни за цели држави: 25 отсто царина за секој што тргува со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 25 отсто за сите држави што имаат трговска соработка со Иран, предупредувајќи дека мерката ќе се однесува на целокупната трговија што тие земји ја остваруваат со САД.

 EPA/SAMUEL CORUM / POOL

„Итно соопштение: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 отсто за сите трансакции со Соединетите Американски Држави“, објави Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.

Тој нагласи дека одлуката е конечна и дека нема можност за исклучоци или жалби.

Кина, Обединетите Арапски Емирати, Индија и Турција се меѓу најголемите трговски партнери на Иран, што значи дека новата најава може да има пошироки последици врз глобалната трговија и односите со Вашингтон.

Заканата доаѓа во услови на зголемени тензии, откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп не ја исклучува можноста за употреба на воена сила против Иран

Според неа, воздушните напади се „една од повеќето опции на масата“, при што додаде дека американскиот претседател, како врховен командант, внимателно ги следи случувањата во Техеран.

Back to top button
Close