Пензионираниот професор Обрад Стојановиќ (76) загина во пожарот во стан во Тетово

СВР Тетово денеска ги сподели деталите од пожарот во стан на улицата 180, а во градот познато како Блок 70.

Станува збор за 76-годишнот пензиониран професор Обрад Стојановиќ.

„На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт. При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово“ информираа од МВР.

Back to top button
Close