Организаторите а ЛОИ2028 најавија поволни цени на влезниците

Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година најавија денеска дека цените на билетите ќе бидат прифатливи, истакнувајќи оти еден милион влезници ќе бидат достапни по цена од 28 долари.

„Олимписките игри мора да бидат достапни и инклузивни, бидејќи им припаѓаат на сите. Тоа значи дека цените на билетите мора да бидат прифатливи“, изјави претседателот на Организацискиот комитет на ЛОИ и Параолимписките игри 2028, Кејси Васерман.

Тој истакна дека една третина од приближно 14-те милиони билети за Олимписките и Параолимписките игри ќе бидат со цена од 100 долари или помалку, а еден милион билети ќе бидат достапни за 28 долари.

Регистрацијата за билети за Олимписките игри 2028 во Лос Анџелес започнува денеска, а билетите ќе бидат пуштени во продажба во април.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close