Почна Европското ракометно првенство, стартни победи на Франција и Шпанија


Франција ја совлада Чешка, додека Шпанија беше поуспешна од Србија, во двата воведни натпревари со кои вечерва официјално стартуваше 17. Европско првенство за ракометари во организација на Данска, Шведска и Норвешка.

Франција во доминантен стил триумфираше над Чешка во Осло со 42-28 за стартна победа во групата Ц, додека Шпанија во Хернинг не дозволи изненадување против Србија, совладувајќи ја со 29-27, во воведниот натпревар во групата А.

Првиот ден на ЕХФ Еуро 2026 ќе биде комплетиран вечерва со дуелите меѓу Норвешка – Украина и Германија – Австрија.

Македонската ракометна репрезентација својот воведен натпревар во групата Б ќе го игра утревечер во Хернинг со почеток во 20:30 часот против кодомаќинот Данска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 18 јануари за противник ќе ја имаат Португалија, а два дена подоцна ќе играат против Романија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close