,,Моцарт“ нов спонзор на Вардар 1961

Компанијата за приредување игри на среќа „Моцарт“ е нов спонзор на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961, откако двете страни потпишаа денеска двегодишен договор за соработка.
„Особено сме среќни што по подолго време на разговори, конечно, со Моцарт Бет се договоривме за едно вакво партнерство. Вардар полека но сигурно повторно се етаблира како еден ракометен бренд не само во Македонија туку и пошироко. Нашите цели за оваа сезона се добро познати, атакуваме на титулата во домашното првенство, а со самото тоа и да се вратиме во Лигата на Шампионите, што е еден од позначајните сегменти на овој договор“, изјави претседателот на Вардар 1961, Михајло Михајловски,
Договорот за спонзорство меѓу компанијата Моцарт и Вардар 1961 ќе трае до крајот на сезоната 2026/27.
„Ни претставува огромно задоволство што станавме партнер и поддршка на најуспешниот македонски клуб по број на трофеи РК Вардар 1961. Станува збор за име кое е познато ширум светот, со долга спортска традиција. Веруваме дека ова наше партнерство ќе трае долго и ќе помогнеме во остварување на амбициите на клубот во периодот кој следи.“, изјави маркетинг-менаџер на „Моцарт“, Ивана Ололовска,






