Интер ја одби понудата од Галатасарај за Чалханоглу


Лидерот во италијанското фудбалско првенство Интер ја отфрли понудата од турски Галатасарај за играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, Галатасарај понудил околу 25 милиони евра за трансфер на 31-годишниот Чалханоглу во јануарскиот преоден рок.

Договорот на Чалханоглу со Интер е активен до крајот на идната сезона, а италијанскиот тим не сака да се раздели со него во оваа фаза.

Во неделата, Чалханоглу се повреди во ремито 2-2 против Наполи и ќе отсуствува од теренот речиси еден месец.

Турчинот му се приклучи на Интер пред пет години од градскиот ривал Милан, за кој настапуваше четири сезони.

Back to top button
Close