Хјустон со нова победа предводен од Дурент и Шенгун

Кошаркарите на Хјустон остварија нова победа 110:105 пред сè на расположениот Кевин Дурент кој против Минесота постигна 39 поени.

Кон средина на третиот период Дурент ја презеде одговорноста и заедно со Алперен Шенгун, кој постигна 25 поени со 14 скокови и донесоа триумф на „ракетите“. Во редовите гостите Џулијус Рендл постигна 39 поени, но поради повреда на стапалото не настапи Ентони Едвардс и дуелот го следеше од клупата.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Хјустон – Минесота 110:105, Индијана – Њу Орлеанс 127:119, Филаделфија – Кливленд 115:117, Бруклин – Чикаго 112:109, Торонто – ЛА Клиперс 117:121 и Сакраменто – Вашингтон 128:115.

Back to top button
Close