Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари се зголемени за 921 денар
Според пресметките на ССМ, доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребни му се 81 788 денари

Минималните месечни трошоци на четиричлно семејство во јануари изнесуваат 66 413 денари, а во споредба со декември се зголемени за 921 денар. Ова го покажуваат податоците од синдикалната минимална кошница, која ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Според пресметките на ССМ, доколку четиричленото семејство живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребни му се 81 788 денари.
Од вкупните месечни минимални трошоци, 24 211 се потребни за храна и пијалоци, а за подмирување на минималните решиско трошоци 6 338 денари.
Поради зголемените трошоци на живот, ССМ бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати, за што во следниот период најавува протести.






