Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати.

„Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, со желби за многу успех во неговата понатамошна кариера“, соопшти вечерва КФСМ.

Раководството на КФСМ, воедно, донесе одлука легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, да биде назначен за координатор на сите национални репрезентативни селекции.

„Именувањето на Владо Илиевски претставува силна порака за јасна визија, континуитет и системски развој. Управниот одбор изразува очекување дека во најкраток можен рок, токму преку предлог на новоименуваниот координатор, ќе биде дефинирано и решението за селекцијата на нов селектор на машката сениорска репрезентација, со што ќе се обезбеди стабилност и навремена подготовка за претстојните репрезентативни обврски.“, се наведува во соопштението од седницата на Управниот одбор на КФСМ.

Back to top button
Close