Грчки воен брод во близина на Химара

Грчки воен брод е виден синока  како плови во Јонско море во близина на албанските територијални води .

Информацијата ја пренесуваат албанските медиуми кои додаваат дека воендиот брод на Грција се појавува во близина на албанската граница само два дена по изјавата на грчкиот   премиер  Киријакос Мицотакис   дека Грција ке добие проширување на морските води кон Албанија за 12 милји во Јонското море , што во Албанија од повеке политички партии и здруженија наиде на остри критики .

Весникот ,,Бота сот,, и други медиуми во Албанија појавата на грчки воен брод во блзина на водената граница со Албанија  кај Химара го коментираат како покажувањае на  Атина,,муслули,, спрема  Тирана .

Истите извори информираат дека синока шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас има телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама  околу посетата на шефот на грчката дипломатија во наредните денови на Тирана токму околу спогодбата за промена на морската граница на Грција со Албанија .

Албанската опозиција во меѓувреме упати остри критики на адреса на владата на Еди Рама за недостатокот на информации околу прееговорите на Тирана со Атина за морската граница како и сомнежи дека можно е да има штетни прегѕовори за Тирана .

Премиерот на Албанија Еди Рама во синокашната изјава за албанските медиуми ги отфрли обвинувањата дека Грција  се обидува како што рече да приграби  албански териуторијални води  и додаде дека Грција го применува правото  што и го дава меѓународната Конвенција за Морето . Изјавата на Рама наиде на остри реакции не само кај опозицијата туку и кај невладиниот сектор.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close