Ако не останевме вон ЕУ поради интересот на олигархијата и нејзините партии, немаше да се скенираме и плаќаме за ETIAS туку ќе минувавме на лентата “EU Passports

Ако 🇲🇰 не останеше вон 🇪🇺 поради интересот на олигархијата и нејзините партии, немаше да се скенираме и плаќаме за ETIAS туку ќе минувавме на лентата “EU Passports”. Како и патниците и транспортерите од 🇧🇬🇬🇷🇹🇩🇹🇯🇭🇷
Оттука, се додека владите на 🇲🇰 се водат од „периметарот“ на олигархијата, а не од интересот на нацијата – економските и политичките последици по граѓаните и државата ќе бидат огромни.
ETIAS е е-систем за евиденција на влез и излез од Шенген-зоната, со исти правила за престој на државјани на не-🇪🇺 земји во Унијата: Престојот во 🇪🇺 ни е ограничен на 90 дена и може да ни се одбие влезот во 🇪🇺 – еднакво како и до сега. Внесување на податоците во системот трае веќе 2 месеци.
Она што властите во 🇲🇰 и Стопанската комора не смеат да го кажат е дека лентите на граничните премини за 🇪🇺-членки си се отворени – но ние не возиме по нив поради политиките и интересите на нашата Влада и нашата олигархија.
И дека затоа секој граѓанин на 🇲🇰 ќе плаќа по 20 евра за да биде евидентиран во ETIAS.
Непријатноста за нашите (до)сегашни власти и за вечните комораши се прашањата коишто кон нив што сега неминовно се наметнаа:
– До кога вака?
– Зошто со вашите политики не сме на лентата EU Passports, кога тоа ни е од интерес и желба?
– Зошто да ги штитиме вашите привилегии и неконкурентност останувајќи надвор од заедничкиот пазар и простор на 🇪🇺?
– Зошто не ги исполниме обврските што сме ги прифатиле и после 20 години глумење дека сте за интеграција?
– Која партија/групација ќе ги оствари интересите на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија штом традиционалните партии на олигаријата тоа не смеат да го направат?
Ниту Владата ниту олигархијата (и нејзините партии и медиуми) не смеат да признаат и дека 🇪🇺 со ETIAS ја евидентира циркулацијата на превозниците кои не се од 🇪🇺 и ќе им оневозможи да се движат временски неограничено од 🇵🇹 до 🇱🇹 како „нелојална“ конкуренција на домашните – 🇪🇺 транспортери.
Не затоа што еден возач од 🇲🇰 не е добар, туку затоа што 🇲🇰 не е членка на 🇪🇺 и не е дел од заедничкиот пазар на добра и услуги, вклучително транспортот. Односно дека тоа ќе може откако 🇲🇰 ќе биде дел од 🇪🇺 пазарот.
Поконкретно: возач од Западниот Балкан вози тури до дестинација во 🇪🇺. Но и низ 🇪🇺, а за второво не плаќа данок во Унијата. Оттука, со строгото следење на рокот за престој на своја територија, 🇪🇺 си се грижи за конкурентноста и за даночните приходи во сопствениот пазар.
И тоа пак не сведува на одговорноста на Владата и традиционалните партии како сервис на олигархијата – за стореното, но и за нестореното. Во случајов, за кочењето на сопствените 🇲🇰 преговори за 🇪🇺 членство.
Ако ETIAS е неповолен, „поповолни“ ли би биле визи на возачите на ТИР камионите од Западен Балкан, вклучително за 🇲🇰?
Намерно заборавивте што се беше потребно за да извадиме визи пред 20 години? Од М1 образец – безмалку до крвна слика. Со еднаква можност визата да не биде издадена.
Никој не споменува дека и при влез во 🇹🇷 сите патници се скенираат… и потоа добиваат печат во пасошот, со еднаков застој на премините. Затоа што и 🇹🇷 и 🇪🇺 прават се да ги држат своите граници безбедни. Спонтано…?!
🇪🇺 има можност блокадите да ги надмине со бајпас на Западниот Балкан (сосе 🇲🇰) низ коридорот „Карпатија“. Летово видовме дека „Карпатија“ веќе е далеку поупотребувана од „Десетката“, на кој останаа само патниците од централна и јужна 🇷🇸, 🇽🇰 и 🇲🇰. На патот кон 🇬🇷 и 🇹🇷, веќе туристите од Белград и Војводина ја претпочитаа безграничната рута, да не зборуваме за транспортерите и патниците од Централна и Источна Европа и од 🇹🇷. Импликациите од заобиколувањето веќе ги чувствуваме иако не ги зборуваме.
Кај нас не се пренесува и информацијата дека само 🇬🇷 може да стави на располагање меѓу 50 и 60 транспортни бродови за поморски бајпас на блокадата. Зошто истото не би се очекувало од 🇹🇷🇮🇹🇧🇬…?
Затоа Владата на 🇲🇰 да не бара извинување за лошите економски перформанси во ETIAS – туку да ги заврши обврските за да ги продолжиме преговорите за полноправно членство во 🇪🇺. Оти митот дека “ВМРО-ДПМНЕ барем знае економија” веќе е пропаднат.
Кога веќе парламентарната “опозиција” ова не смее да го каже поради обврски и долгови кон власта, олигархијата или обете, ние предупредуваме на време:
Со оваа политика само ќе претрпиме штети – и потоа повторно ќе се вратиме на завршување на обврските и продолжување на преговорите.
А функционерите со 2.000 евра плата и олигарсите со нивните милиони во џеб нема да ги чувствуваат штетите. Како и до сега.
автор Ивон Величковски

Back to top button
Close