Обвинителката Ристоска: Латас има финансиски интерес за клеветите изречени кон мене!

Драган Павловиќ Латас денеска не се појави во Граѓанскиот суд, кадешто за клевета и навреда го тужи јавната обвинителка Ленче Ристоска.

Обвинителката Ристоска во судница објасни зошто поднела тужба против Латас.

-Причината заради која дојде до оваа судска постапка е околноста што не добив извинување од страна на тужениот, туку напротив се продолжи со други медиумски и јавни напади кон мене. Ова е релевантно за судот бидејќи ја докажува намерата на тужениот дека целокупното негово делување е насочено кон нанесување на штета на мојот професионален углед и на мојата чест. Од мај до декември тужениот има објавено три тагретирани објави, полни со клевета и навреди, кои генерираат коментари од кои директно произлегува штетата нанесена на мојот професионален углед, истакна обвинителката Ристоска.

Таа дополни дека наративот на Латас потоа го пропагирала и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што сметам дека е значајно, наративот кој го пропагираше тужениот подоцна го прифати и Владата и не ја прифати листата на кандидати за судија во Судот во Стразбур, туку усвои нов предлог за кандидати. Во новиот предлог еден од кандидатите е истиот кога бев и јас на листата, што упатува дека клеветите ја постигнале својата цел, а тоа создавање на јавен сентимент за моја неподобност и настапена е последицата, рече обвинителката.

Таа бара обештетување, од 600.000 денари, за кое вели дека не и се за да се збогати, туку тужениот во иднина да известува објективно.

-Мојата цел не е да се збогатам, туку износот кој го побарувам на име штета сметам дека е пропорционален со штетата која ми е нанесена и неопходен за да тужениот во иднина, како новинар, да започне да известува објективно. Она што сметам дека е дополнително значејно, е што сега во јануари, повторно имаше таргетирана објава во која користеше навредливи зборово, како: дно и стручно и човечко, зомби карикатура… и за ваквото однесување побарав извинување, но не го добив, кое е значајно за целиот контекст и намерата на тужениот кон моја лична и професионална дискредитација, истакна обвинителката.

Таа заклучи дека ваквиот напад на Латас кон неа резултирал и со лична корист.

-Крајно, она што сакам да го адресирам до судот е што сметам дека во конкретниот случај тужениот има и личен бенефит од изнесувањето на вакви клевети за мене. Го известувам судот дека против мене подолг период се води негативна кампања од ВМРО-ДПМНЕ, но токму од политичката партија зетот на тужениот е предложен и избран за член на Советот на АВМУ, каде месечните примања се 4 просечни плати или речиси 2.900 евра. Оттука сметам дека тужениот имал и личен и финансиски интерес за моја дискредитација, заклучи обвинителката.

Нејзината адвокатка Павлина Зефиќ истакна дека доставува докази кои сведочат за клеветничкото однесување на тужениот.

-Првиот клеветнички навод е дека Агенцијата за борба против корупцијата утврдила дека обвинителката неовластено зела, 10.000, 100.000 евра, а втората клевета дека нема доволно стаж за да биде кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права. На овие две околности, доставуваме докази и тоа писмено произнесување од ДКСК дека истата не водела постапка на околност дали тужителката примила 100.000 евра за надоместоци, како и листата за стаж на тужителката, рече Зефиќ.

Таа додаде дека оттука не држи оправдувањето на тужениот дека станува збор за пренесени вести, а тужителката не демантирала.

-Она што повеќе загрижува што овој наратив допира до многу поширока јавност, бидејќи и тужениот е јавна личност, со голема публика, која неговите тврдења ги зема за вистинити. Има коментари кои може да се окаректеризираат како говор на омраза, заклучи Зефиќ.

Повеќе на фокус мк

Back to top button
Close