Станиците за технички преглед конечно треба да добијат таблички за регистрација на возилата

Од утре се очекува да се нормализира процесот на регистрација на моторните возила во државава.

Откако во текот на речиси цел јануари процесот беше практично „закочен“, поради тоа што станиците за технички преглед има недостаток на нови регистерски таблички. Па, ниту едно моторно возило, купено како ново или половно во некој од салоните на овластените импортери или увезено од странство, без оглед на поминатите критериуми за регистрирање, вклучувајќи и тестови за т.н. хомологација, односно постапка со којашто се прави проверка на возилото и неговите битни елементи (мотор, сопирачки, безбедносни појаси и слично), кои на директен или индиректен начин влијаат на околината и безбедноста на патниците.

 

Ваквата ситуација до редакцијата на „Фокус“ ја алармирале повеќе граѓани кои со денови чекаат да го регистрираат возилото што го купиле, со намера со него да учествуваат во сообраќај. Нивното патешствие трае со денови, а дел од нив информираа дека слична ситуација се случувала и одреден период особено кон крајот на минатата година. Како и дека станиците за технички преглед и одговорните лица за доделување на на таблички добивале само по неколку комплети еднаш на неколку дена – многу помалку од реалните потреби на граѓаните. Токму затоа и настанувале застоите во регистрацијата.

Повеќе

Back to top button
Close