Таравари ги повикува Влен да го прекинат потчинувањето и молкот по изјавата на премиерот дека нема Уставни промени без исполнување на Владините услови

Лидерот на опозициската Алијанса на Албанците Арбен Тараваи реагираше на фејсбук по денешната изјава на премиерот Христијан Мицковски дека нема уставни промени за старт на преговорите со еу сè додека не бидат, како што рече, исполнети најмалку два услова – загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови билатерални вета.

Таравари по ваквата изјава на Мицковски преку фб им се обрати на албанските партии од владината коалиција Влен и им порача дека по овој став на премиерот патиштата кон Брисел наместо да се отворат уште повеќе се бетонираат и дека времето кое било алиби на Вреди за седење во владата истекло.

Граѓаните Албанци ја плаќаат политичката импотенција на ВЛЕН која ветувала промени но во владата се однесува потчинето и молчаливо.

Времето на алиби заврши,, времето за акција е сега и порача Таравари на Влен

Arben Taravari

(В)ЛЕН конечно беше изложен. Уставни промени нема да има. Ова денеска јавно го потврди премиерот Мицкоски, отфрлајќи секое продадено ветување како „безбеден пат кон ЕУ“.
Патиштата кон Брисел, наместо да се отвораат, секој ден се побетонираат. Евроинтеграциите се претвораат во бескрајна епска, додека политичката реалност ја држи земјата заклучена во
Во оваа ситуација граѓаните се заробени, изолирани, осиромашени, губат надеж и ја плаќаат цената на длабока политичка неспособност Албанците, особено, ја плаќаат сметката за политичката импотенција на (В)ЛЕН, која ветувала промена, но произведувала само молчење и потчинување.
Времето на алиби заврши. Времето за акција е сега..

Back to top button
Close