Силјановска ги потпиша измените на Кривичниот законик и покрај забелешките од невладините

Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, на денешната прес конференција изјави дека ги потпишала измените на Кривичниот законик и објасни зошто сметала дека истиот треба да се потпише.

Прво, она што ни е важно во моментот, а тоа е безбеден град, нема да може да функционира ако не е пропратено и со решенија, што значат санкционирање на сите повреди на она што во Законот за прекршоци беше воведено. Значи, овде гледаме дека има воведено кривични дела што се однесуваат на безбедноста. Второ, она што мене како жена многу ме засега и стално сум велела дека не можев да разберам како е можно кривичните дела врзани за полот, врзани за родот кои требаше да се процесуираат само на барање на повредените, сега се гонат по службена должност.

Имам забелешки на делот околу кривичните дела врзани за злоупотреба на службата и јавните набавки, таму треба прецизирање, треба посигурни одредби, но морам да кажам дека интересно е да чуете од оние кои во 2023. година, повикувајќи се на компаративните искуства на Германија и други држави, не убедуваат дека е тоа скок во заштитата, сега да се повикуваат на враќањето на старите одредби кои за нив тогаш беа апсолутно неодржливи. А ние велевме дека решенијата од стариот закон, јас сумдискутирала, можете да ја пуштите мојата дискусија, се далеку поголема гаранција од измените.

Значи, ги прифаќам овие измени само како транзициски за да може да имаме исчекор најмногу во поглед на санкционирањето на една од најтажните македонски приказни, врзана за злоупотребите во сообраќајот, тоа со жртви кои апсолутно не може да се толерира повеќе да се случуваат, во врска со заштитата на жените, бидејќи тоа ми е многу битно, во поглед на построгите критериуми, односно во поглед на подобро квалификуваните дела, врзани за злоупотребата на службената положба, но и јавните набавки, но и со една задршка и една забелешка дека ќе го толерирам ова само во пресрет на чекањето на новиот Кривичниот законик. Долго време се работи на него, според мене тој ќе биде клучен во судските реформи исто така и се надевам дека час поскоро треба да биде донесен. Само од тие причини јас го потпишам овој закон, по разговори со предлагачот, по разговори со владата и по барање гаранција дека на вистина ова нема да значи дека сме го решиле проблемот и нема да значи одолговлекување на носењето на новиот кривичен законик“, вели Силјановска.

Освен тоа што кажа претседателката во изјавата им кажа на новинарите дека тоа што и СДСМ гласале за Кривичниот законик и што бројот на гласови е блиску до 80, двотретинско мнозинство е дополнителна причина за да стави потпис.

 

 

Back to top button
Close