Професорката Тања Каракамишева стана советничка на Мицкоски за човекови права и владеење на правото


Професорката Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото.

Веста за својот нов професионален ангажман ја сподели самата Каракамишева, истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност.

Во својата објава, Каракамишева посочува дека човековите права и владеењето на правото се најчувствителните сегменти на правниот систем, кои ја дефинираат не само внатрешната поставеност на државата, туку и нејзината меѓународна позиција.

Таа вети максимална посветеност и професионализам во извршувањето на обврските, нагласувајќи дека нејзиниот фокус ќе биде насочен кон постигнување конкретни резултати во рамките на македонскиот правен поредок.

Back to top button
Close