Дваесет објекти ќе се рушат за изградба на „Цветан Димов“, но дрвјата ќе останат
Со меѓуопштинска соработка, Градот Скопје ќе го финансира проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ во Општина Чаир, а општината треба да ја изработи проектната документација.

За проширување на овој скопски булевар, ќе биде потребно да се експроприртаат дваесетина објекти, а обврска за тоа зеде градонаќалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој, на денешната прес-конференција рече дека работата на булеварот е подолга, односно може да трае и до три години, дека во тој период треба да се решат многу работи, да се изработи проектот, да се експроприраат објекти, да се зачуваат дрвјата, но и да се обмисли средишното зеленило





