Лишен од слобода жител на Пепелиште кај кого се пронајдени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација

Полициски службеници вчера лишиле од слобода едно лице од неготинското село Пепелиште откако при извршен преглед на неговото возило пронајдени и одземени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација, соопшти Министертството за внатрешни работи.

-Вчера во 17:25 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од село Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ. Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П. го управувал и при извршен преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација, соопшти Министерството.

Од МВР посочуваат дека тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close