Циганите летаат на небо

Вистински ремек-дела можат да бидат само филмовите за Циганите. И книгите. Во Македонија, се разбира. И во некои други земји, каде фашизмот е славен, прегрнуван, обожуван.

Така денес изгледа Македонија, вистински, автентичен фашизам, кога ги гледа презрените Роми како плачат и молат да не им се одземаат колите, затоа што немаат возачка дозвола. Законот е за сите, грми власта, нема толеранција, нема неказнивост, сите сме еднакви пред законот, жестоко ќе возвратиме.

Ех, да е само власта. Читајте низ Фејсбук и Твитер, како со исмевање гледаат на солзите на нашите сограѓани, Ромите. Никој не им верува на солзите на Циганите. Особено драгите, вечни Македонци, кои и за Шиптариштата имаат збор-два фашизам да кажат.

На нормален човек му се слошува додека пишува, додека чита, за мизеријата, за злобата на луѓето кои се колнат дека се добри и мили, гостопримливи, топли македонски души. Сѐ додека не видат некој поинаков, различен, некој што не е нивен. Примитивец и прост, само со такви се поистоветуваат, се сакаат и се охрабруваат. Да им дадете моќ, Хитлер ќе го надминат, ќе му ја извадат душата зошто не ги свиткал до корен, до последниот ген, да не остане траг од нив, од сите нив што не се нивни.

Тоа сме ние, не се лажете дека сме поинакви. Гордана Јанкуловска ги влечеше Циганите за уши, онака како што комитските манири налагаат да ги праќаат Шиптарите во гасни комори. Никако нека не се обидуваат да се очовеча, да помогнат, да сторат нешто што ќе ги направи луѓе, топол збор за овие наши сограѓани, затоа што тоа се луѓето за кои вреди да се биде човек.

Но, најтешко е да се биде човек. Полесниот пат секогаш е да се биде и да се остане гад. Таквите владеат, тие се оние кои го докрајчуваат светот.

За баланс тука се она малку луѓе, кои летаат на небото и нѐ одржуваат во живот, затоа што имаат илузија дека вреди, сепак вреди овој свет. Не вреди, ама кој да им каже, јас немам срце за тоа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close