Отсуство на минимален срам, г-ѓо Лејла Кадриу…
Госпоѓо Лејла Кадриу, поранешна обвинителке, сега адвокатке, кога ќе се преслушате што се’ кажавте во последното интервју за поранешните колешки и колеги од СЈО, за поранешните апаши обвинети и осудени од СЈО, нели ве облева црвенило на образите како прв знак на присуство на срам?
Ви доаѓа ли да избришете се’, да се извините на јавноста и пред се’ на поранешните колеги и да се повлечете во адвокатската канцаларија да уживате во докторатите на вашите деца? Нели ви затреперува малку срцето кога знаете дека свесно ја лажете јавноста и свесно напаѓате поранешни ваши колеги? ЗНаете зошто овие мои заклучоци ви ги поставувам како прашања? Сега ќе ви кажам…
Обвинителке, ако до вас допрел вашиот глас за сторени незаконски дејанија, за злоупотреби на позициите во СЈО, за раскалашеност, за аздис, за тенденциозни обвиненија кои резлутираа со пресуди, ваша должност и професионална и граѓанска и секаква, била да напишете тужба, да составите обвинение и со сите докази да го проследите во Суд, и таму да ја докажувате вашата кобожемска вистина. Иако ви била должност како обвинителка, правничка со дипломи од два “сомнителни“ факултети да го сторите тоа веднаш откако сте го заклучиле истото, а не сте го сториле, тогаш, вие, заедно со сите оние кои ги обвинувате сте виновна за прикривање на незаконски однесувања на ваши колеги.
Зошто тогаш, откако го напуштивте СЈО, не ја комплетиравте доказната документација и не поднесовте тужба, обвинение? Зошто госпоѓо Кадриу не го сторивте тоа тогаш, кога ви беше професионална обврска, за денес да испаднете хероина? Јас ќе ви кажам, затоа што немавте докази…
Знаете ли што правите денес со вакви изјави и кобајаги сведочења? Го рушите сопствениот интегритет на адвокатка, го сквернавите сопствениот социјален граѓански статус, се сведувате на селска алапача, на која сите и’ биле виновни, само таа не, и се пењави со нешто што е класика на малограѓанштина…
Погледнете кој ви дава поддршка, госпоѓо Кадриу, па погледнете се во огледало и наведнете ја главата. Тоа би било најкоректно доколку имате сензори за срам. Кај вас очигледно има отсуство за минимален срам…
Бљак…
фб статус на Борче Трајковски






