Брегот на Охридското Езеро во Струга затрупан со ѓубре

Брегот на Охридското Езеро во Струга деновиве е затрупан со ѓубре кое, според очевидци, е исфрлено директно од самото езеро.
Пластични шишиња, најлон и друг отпад се насобрани долж крајбрежјето, создавајќи грда слика и сериозна закана за животната средина.
Граѓаните реагираат дека ваквата состојба се повторува, особено по ветер и невреме, и апелираат до надлежните институции за итно чистење и преземање мерки за заштита на езерото.
.






