Величковски- Пораката гласи: Не се прифаќа обидот за цензура од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и медиумите на аферата 40 тони марихуана

Навидум едно “протоколарно” известување на Амбасадата на САД во Скопје:
“Вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс пред кратко време протоколарно се сретна со министерот за надворешни работи Муцунски, министерот за одбрана Мисајловски и министерот за внатрешни Тошковски. За време на средбите в.д. Варнс ја потврди извонредната соработка по заедничките приоритети, вклучително трговијата, колективната одбрана и безбедноста на нашите две нации”.
Еден ден пред премиерот и министерот за внатрешни да излезат на снимки со запленетата роба.
Истиот ден кога невешто:
– Мицкоски на прес инсистираше да не се верува на медиумите во Србија дека таму запленетата марихуана не потекнува од Северна Македонија, а
– Заев со писмо сакаше да се дистанцира од марихуанската афера иако дејноста се “регулираше” во неговиот владин мандат, а последиците од “регулативата” се мерат во тони шверцувани психотропни супстанци.

И два дена откако медиумите веста ја третираа небаре се случила во Сомалија.
Бидејќи марихуаната меѓу Северна Македонија и Србија очигледно транзитирала полесно одошто брашно.
Цензурата кажува дека:
– Ова е повеќе од афера и имплицира далеку вон границите на регионот. Молкот на ЕУ амбасадите затоа е особено интересен.
– Операцијата секако не е домашна.




