(Видео): Младата Македонка, Паулина, која живее во Велика Британија започна хуманитарната кампања за поддршка на болницата во Кочани!

По повод една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кадешто 63 лица починаа, а 200 беа повредени, младата Паулина Маказлиева организира хуманитарна акција во Македонија и Велика Британија, за помош во Општата Болница во Кочани.
Младата Паулина е родена и живее во Велика Британија, таа со свое видеобраќање ја објави акцијата за собирање донации кои ќе се донираат за болницата во Кочани. Паулина била потикната на ваков чекор по посетата во детска болница во Англија, кадешто ги воочила разликите измеѓу британското и македонското здравство.
„Како што многумина од вас знаат, го изгубив татко ми во една балканска земја, во Турција, за време на одмор. Тој исто така беше во болница. И само помислив дека ако тоа се случеше во Англија и ако имале подобри медицински услови, можеби работите ќе беа поинакви. Затоа, секоја донација што ќе ја дадеме, без разлика дали е голема или мала, дефинитивно ќе ѝ помогне на Општата болница во Кочани“, вели Маказлиева.
Понатаму таа планира и хумантирана трка во Македонија, која ќе биде посветена на младите луѓе кои трагично го загубија својот живот.
Младата девојка испрати силна порака до сите кои поминуваат низ тешки ситуации:
„Пораката што би сакала да ја кажам на секој што поминува низ загуба или било каков вид болка е: не сте сами.Иако не е лесно, ви ветувам дека со време станува полесно. Претворете ја болката во сила. Сите ние гледаме кон некого како пример,без разлика дали таа личност е сè уште со нас или не. Секогаш се прашуваме: што бисакале тие? Дали би биле горди на нас? И ние сакаме да бидат горди.
Па што треба да направиме? Како можеме да помогнеме? Како можеме да бидеме подобри? Не сте сами, затоа што има многу луѓе како вас кои тагуваат и страдаат.И ако непознавате никого, сега ме познавате мене. Сакам и ќе ѝ помогнам на Македонија, затоа што ја сакам Македонија. Верувам дека таа заслужува правда и еднаквост, особено во болниците.“ истакна Паулина.
Извор: infomax.mk






