Кој било, само Ленче НЕ…!!!
Таа не се мери со број на “лајкови“ на ФБ. Дафа има многу повеќе “лајкови“ ако кивне на ФБ. За Грујо, Антоњо и Лигњата муабет да не правиме, и Мицко се натпреварува со нив во бројот на допаѓања. Колку повеќе го покажуваат својот луксуз стекнат на криминален начин од позиции на моќ, толку повеќе лајкови и коментари од типот “браос“, “само така“, напреТ“, “нек пукнат комуњарите северџански“, “врати се војводо“, “сите у затвор мамичето нивно сјовско“…
За нив нема врска тоа дека Дафа стокмила 11 просечни плати на конто, од вештачки патувања а има 4 стана во Скопје, ко Гостивар да е упм далеку, па работејќи за народот кој ја избрал злоупотребува од секое ќоше на дадените привилегии, нешто слично ко Силванева пред неа, ко оној неизживеаниот и незаситен Тунтев, Дизелка и многу слични. За нив нема врска дека првиот човек на патриотското крило во партијата на најголемиот македонски срам ВМРО-ДПМНЕ, е директор на дирекцијата за санкции, а во затворите му шета дрога ко да е Тихуана. За нив, од каде и да се, чиви и да се, нема врска тоа што си даваат право да ја пљачкаат сопствената држава, да го осирумашуваат сопствениот народ, ..
За нив има ОГРОМНА врска кој ќе застане на чело на Републичкото јавно обвинителство, кој е претседател на Кривичен, кој на Апелација, кој на Врховен. За сите крлежи, паразити и антипатриоти, државни арамии, апаши од голем или мал маштаб, најважни се овие работи…
Знаат како да манипулираат со “евтината раја гласачи“, знаат да го постават на пиедесталот на државните загуби “името, идентитетот, јазикот“, и во тоа име да ја пустошат државната каса, а на секоја средба со странски дипломати изговараат “Северна“, на секој документ потпишуваат мамеорандуми со “Северна“. Што, во ваков случај да прават јадните гласачи? Тие и понатаму им веруваат. Тука лежи бактеријата за која нема вакцина, за жал. За нив битно е да има “смрт и доживотни затвори“ за “Комуњарите“ за “Северџаните“, за оние кои го продадоа името, идентитетот и јазикот, а поголеми “Северџани“ од нивните најголеми патриоти, нема…
Неисе, овие работи им се јасни и на нив и на оние со бистар ум. Остануваат нивните сироти гласачи. Лесно се препознаваат и на ФБ…
Зошто после најавата на Ленче Ристоска дека конкурира на конкурсот за прва обвинителка на Републичкото јавно обвинителство, настана масовна хајка на сите социјални мрежи, портали, и подкасти, за шиканирање на Ленче и на СЈО? Одговорот го знаеме сите, го знаат и тие, ама трагедијата е во тоа што одговорот го знаат и нивните гласачи, само што имаат забрана да коментираат, да изнесат свое мислење.
Точно знаеме зошто советникот на Мицковски е избран за Уставен судија, Зошто Зврле беше Републички јавен обвинител, зошто баџанакот на Мијалков е во ЕСЧП во Стразбур, зошто сега на негово место се предлага кумот на некој “патриот“ од ДПМНЕ, и зошто Панчевски влезе во трка за прв човек на РЈО? Па да, сите апашлуци мора да бидат заштитени доколку дојдат до судските катедри. Ако не помине во ОЈО, ќе помине во Основен Суд 1, ако таму не помине, ондак на Апелација гарант поминуе, а ако ѕверката е крупна, ондак тука ќе се појави “начелното мислење“ на Врховниот суд. Е сеа, ако сето ова не помине, ондак тука е Судот за човекови права во Стразбур, а таму, е наш чоек. А бре македонче…
Неделава Советот на обвинители ќе избере кандидат за прв човек на Републичкото јавно обвинителство, ама по теркот кој веќе од Монт Еверест се гледа: Кој било, само Ленче НЕ!
Такви се упатсвата на најапашките инсталации во сите политички партии. Ленче носи правда, а правдата на апашите не им одговара. И на левите и на десните, и на “Северџаните“ и на “Патриотите“…
Овие сознанија не се за шарени и други водови пумпашки револуции, овие сознанија се за Бунтови. Не’ има ли?
Тенкју…
Борче Трајковски фб статус






