Нарушен квалитетот на водата во Кичево, надлежните апелираат да не се пие

ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека како последица на поплавите и зголемената заматеност/нарушување на квалитетот на водата во водоводната мрежа, во овој период се препорачува да се избегнува директно конзумирање на водата од водоводот.

„Водата да се користи исклучиво за пиење и подготовка на храна – само по претходно превривање како техничка вода (лична хигиена, перење, чистење и сл.)

Екипите на ЈКП „Комуналец“ се на терен и се преземаат активности за следење, контрола и стабилизирање на состојбата. Јавноста ќе биде навремено информирана штом водата биде безбедна за директна употреба“, велат од претпријатието објави Скопје1.мк

Back to top button
Close