ССМ ја почна блокадата. Мицкоски сепак си влезе во зградата на главната врата
Почна блокадата на Владата. Сојузот на синдикати ги блокира влезовите на Владата барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на остантите плати за 100 евра, а премиерот си влезе комотно, пешки на главната врата на владината зграда, пренесе Проверено.

ССМ денеска по Парламентот и Стопанската комора денеска ја блокира Владата. Посоката е дека и покрај барањата на работниците за поголеми плати институциите остануваат глуви.
Владата на премиерот МИцковски спорд ССМ остана глува на барањата за зхолемување на минималната плата и не се согласи да ги субвенционира дел од придонесите за да се зголеми минималната плата, велат од ССМ.
Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
Со 21 човек, колку што налага Законот за јавните собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата, која денеска треба да одржи редовна седница, а таа пракса најави Трендафилов ќе ја продолжиме и во сите градови во Македонија.
…






