Изненадени сме од обвинувањата на здружението „Стоп за Усје”, велат од Општина Kисела Вода
Општина Кисела Вода со изненадување ја проследила денешната прес-конференција на здружението „Стоп за Усје”, се вели во реакцијата на општината.
Од таму објаснуваат дека особено се зачудени на ова недолично однесување, затоа што градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска веќе остварила средба со претставници на ова здружение.

„Сите измерени вредности од мерната станица поставена во кругот на цементарницата „Усје” се јавно достапни. Но, техничките карактеристики на станицата во овој момент не дозволуваат директна интеграција во надворешни апликации на начинот на кој се бара, но токму затоа Општината врши секојдневни ажурирања на официјалната веб-страница, каде граѓаните можат точно и навремено да се информираат за квалитетот на воздухот, стои во соопштението од општина Кисела Вода.






