Скопјанец тврди: „Безбеден град“ ме казни за туѓа брзина – шест дена докажував дека сум невин

Скопјанецот Игор Јуруков вчера во објава на Фејсбук сподели свое искуство со направена грешка од страна на системот „Безбеден град“, а целиот процес на докажување дека не направил прекршок го оцени како “патешествие“, за кое му требале шест дена за да си ја истера правдата.
Ден 2. Одам на шалтер сејф-сити во МВР позади зградата на МТВ, ми кажува дечкото дека тука не е за жалби шалтер, треба да се обратам во Полициска Станица (П.С.). Одам во П.С. со истиот муабет и копии од записникот и фотките што доаѓаат со него.. добивам инфо: за жалбите од Сејф Сити треба да одите во суд за прекршоци карши факултетите. Одам во Суд, во една канцеларија преполна со плакари со некаква архива, љубезна службеничка ми објаснува што и како да пополнам во два примероци и да доставам кај нив на шалтер, арно ама проблем.. колата е службена (моја фирма) треба да дадам изјава во МВР дека јас сум возел…Одам повторно во П.С. и барам да пополнам изјава, арно ама ми бараат патен налог или полномошно со печат и потпис..
Ден 3. Одам во П.С. со уредно спремни документи, службеното лице што ме прими да пополнам изјава пријателски ме советува да си ја платам казната додека е време за 50 % попуст, бидејќи како што тој заклучи, нема шанси сејф сити да згреши… изречно се противам ….и виде не виде, извади формулар за да го пополниме. Значи, сега треба да очекувам да стигне нов записник за „сторениот прекршок“ по SMS и е-меил, ама сега на мое име. ОК ќе чекам..
Ден 4. Чекам јас така 24 часа, нема нов SMS, нема меил.. одам во П.С.! Барам на портирница да се качам до шалтерот, не ми е допуштено, телефонски се комуницира од портирница до некој фактор „горе“ и повратно добивам дека треба деновиве треба да добијам по SMS, а не како што вчера сум разбрал – веднаш или најкасно утре…
Ден 5. Во меѓувреме одминува осмиот ден, ќе следи наплата од 15 евра или присилна наплата!!! Се упатувам повторно до П.С. инсистирам на портирница да се качам горе, ОК ме пушти дечкото.. таму се најде љубезен човек, едно 15 минути веројатно го бараше случајот, и ме извести дека е ставен на ред за процесирање.. верувам бидејќи бев упорен. И навистина, после два саати стигна нов записник на мое име, со нов датум од тој ден.
Ден 6. Одам со сите потребни документи во два примероци во прекршочен суд, на шалтер ми бараат ТРИ копии, мое образложение дека кажано ми е за ДВА, моето се разбира не помина. Уште едно одење до судот, сега со три копии во рака, конечно на едната копија се удира печат и останува кај мене а другите две копии ги преземаат. Прашувам: Дали сега ќе биде стопирана штоперицата од 8-те дена?? „Ништо не знам..ништо не знам“ беше одговорот. Значи многу сум среќен што правдата ја доби првата разрешница!! Шест дена шетање по институции а некогаш и по неколку во истиот ден!
Се надевам судот ќе ангажира стручно лице од областа сообраќај, за него случајот ќе биде „гола вода“ ама за сејф сити сериозен проблем!!! За системското решение за вакви жалби ништо ново.. уште сме во минатиот век.. хартии, копии, шетање по шалтери. Останете ми безбедни!“, напиша во објавата скопјанецот Игор.






