ЈП „Паркови и зеленило“ ги предупредува граѓаните да не паркираат под дрвјата поради силен северен ветер
Според најавата од УХМР, денеска се очекува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во претпладневните часови.

ЈП „Паркови и зеленило“ ги информира граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици од паѓање на гранки или цели дрвја.
„Доколку забележите паднато дрво, граѓаните можат да пријават во ЦУК на тел. 112, или на дежурните телефони објавени на веб-страницата на претпријатието“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“
Денес во Скопје, како резултат на силниот ветер на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.






