Ако се урнеме некаде, ќе стане јасно дека оваа дебата е непотребна, рече Мицкоски и посочи дека нема да се купува нов државен авион

Во изминатите денови, опозицијата ја критикува Владата за планираната набавка на нов воздухоплов, отворајќи широка дебата во јавноста.

На денешната прес-конференција, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека, иако на лидерска средба со министерот Филипче било договорено дека опозицијата нема да ја критикува Владата за оваа набавка, сепак тие не останале на зборот.

Мицкоски додаде дека воздухопловот е во возна состојба и ќе се користи и за хуманитарни цели, нагласувајќи дека дебатата за идни влади и идни премиери е одвишок и не треба да ја загрозува безбедноста на луѓето кои ќе го користат.

„Авионот е во возна состојба, можете да разговарате со лицата кои го управуваат и ти се тие кои иницираа да се обидеме да обезбедиме средства за да набавиме нов воздухоплов.

Гледам од опозицијата се создава оваа тема, иако на лидерски средби со претседателот на СДСМ разговаравме и тој рече дека за ова не треба да се критикува Владата бидејќи утре ќе биде друга влада, а возухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини. Но гледам дека не си стојат на зборот, и ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и починеме претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок“, изјави Мицкоски.“, изјави Мицкоски.

 

Back to top button
Close