Професорот Гоце Наумовски,советник на премиерот е избран за нов уставен судија
Со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.

Професорот од Правниот факултет Гоце Наумовски кој му беше советник на премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница со 63 гласа „за“ е избран за нов судија на Уставниот суд. Против беа седум, а немаше воздржани.
Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше, тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.
По изборот, Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите.
Без расправа и со 68 гласа „за“, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и одлуката за давање овластување за склучување поединечен колективен договор, поднесен од претседателот на Собранието, Африм Гаши






