На 19 февруари ќе започне да игра филмот “Ромериа

На 19 февруари во киносалите низ нашата земја ќе започне да игра филмот “Ромериа”

Режисер и сценарист на филмот е Карла Сајмон, најпозната по освојувањето на престижната награда Златна мечка за нејзиниот филм „Алкарас” на Берлиналето во 2022 година.

Заплетот на филмот ја следи осумнаесетгодишната Марина, чии родители починале. Таа патува до атлантскиот брег на Шпанија за да добие потписи за стипендија од баба и дедо што никогаш не ги запознала.

Додека се обидува да реконструира фрагменти од сеќавањата, се соочува со неизвесноста на прифаќање или отфрлање, долго потиснати емоции, моменти на нежност и семејни рани.

Во филмот играат Лусија Гарсија, Мич, Тристан Улоа, Селин Тил, Мирјам Галего, Џенет Новас, Хозе Анхел Егидо и Сара Касановас.

Back to top button
Close