Почнуваат првите месечни „Кино средби” што ги организира Францускиот институт во Скопје
Со проекција на филмот „Романот за Џим“ (2024) од Арно Ларје и Жан-Мари Ларје, вечер во Кинотека почнува првото издание на месечните „Кино средби” што ги организира Францускиот институт во Скопје.

На средбите ќе се прикажуваат современи француски филмови и класици на француската кинематографија.
„Романот за Џим“ со Карим Леклу, Летиција Дош и Сара Жиродо, беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 2024, беше номиниран за наградите Lumières de la presse étrangère за најдобар филм и најдобар актер, а Карим Леклу доби Цезар за најдобар актер 2025






