Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат авиончето на браќата Рајт
Нашето авионче е најстаро и најмало и колегите го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, коментира претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за дебатата дали треба или не да се купи нов владин авион.

Што можам да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државната работа, ама и поевтина од користењето комерцијални летови. Е сега, не е многу пријатно, секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо 25 години, а и купено е на старо – рече претседателката.
Според неа, голем хендикеп е тоа што не може да носи новинари со малиот авион






