Тројца Суданци ограбиле 27-годишник во Скопје
Тројца Суданци се уапсени утринава во скопската населба Кисела Вода. Барале пари од 27-годишен скопјанец, по што физички го нападнале.

Инцидентот е пријавен во полиција, по што полициски службеници од СВР Скопје во 02:45 часот ги лишиле од слобода И.Ш.(20), А.Г.(19) и Х.С.(20), сите од Судан.
Според пријавата на оштетениот, нападот се случил во периодот меѓу 01:30 и 02:30 часот на подрачјето на Кисела Вода.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава






