(ВИДЕО) Трамп одлучи: Ќе ги објави сите тајни досиеја за вонземски живот и НЛО
Трамп прецизираше дека наредбата ќе биде упатена до секретарот за војна, Пит Хегсет, како и до сите други релевантни институции, со цел да започне процесот на разоткривање на владините податоци за вонземски живот и неидентификувани воздушни феномени. Овој чекор доаѓа како одговор на долгогодишните барања за поголема транспарентност од страна на државата по ова прашање.
Во својот препознатлив стил, републиканецот не пропушти да го критикува својот претходник Барак Обама. Трамп го обвини поранешниот претседател за невнимателно откривање на „класифицирани информации“, алудирајќи на изјавата на Обама во еден поткаст каде, веројатно на шега, потврди дека вонземјаните навистина постојат. Со оваа иницијатива, Трамп ветува дека дебатата за „посетителите од вселената“ конечно ќе добие официјален епилог преку државните архиви.






