(Видео) „Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, вели Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, околу запленетата дрога од 5 тони во Србија која потекнува од Македонија, кажа дека не е прашање како истата излегла од државата, туку како влегла во Србија, со оглед дека излезот од Македонија и влезот од Србија, треба да го контролираат српски власти согласно договорот „One Stop Shop“.
„Согласно договорот кој го имаме „Оne stop shop“ со Србија, таков е договорот и така е имплементиран, и така треба да биде имплиментиран. Секоја полиција односно МВР и граничната полиција на МВР, во рамките на граничната контрола го штити влезот во Македонија, односно излезот од Србија и влезот во Македонија. Македонските полициски службеници се на овој граничен премин и го контролираат влезот во Македонија. Влезот во Србија, го контролираат Србите. Значи не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Тоа е што е во делот на надлежност на Министерството за внатрешни работи, додека во надлежноста на другите институции, ќе видиме“, вели Тошковски.






